Фудбалерите на Работнички денеска во Анталија, во својот прв пријателски натпревар, забележаа триумф над Лвов, тим од првата лига на Украина. Тимот од Градски парк победи со 1:0, а стрелец беше новакот во редовите на Работнички, Анес Рушевиќ и тоа во 40.минута.
Инаку Работнички е во потрага во нов играч за врска, и тоа откако и дефинитивно е јасно дека најголемото зимско засилување Арменд Алими, ја повреди тетивата и дека тешко дека ќе може да заигра во пролетниот дел.