Утринава експедицијата на Тиквеш во која се фудбалерите, стручниот штаб на чело со Влатко Костов како и дел од раководството на кавадаречкиот прволигаш, отпатува за Анталија. Имено како што и беше планирано, во текот на наредните десет дена кавадарчани ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки. Притоа ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, од кој првиот веќе утре и тоа со Партизан од Белград. Овој меч ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт.
Инаку Тиквеш за првпат во својата историја зимските подготовки ќе ги одработува во Анталија, каде што во моментот се повеќе наши клубови.