Победата на Камерун ја засени трагедија: 8 мртви и 36 повредени во стампедо на стадионот

122

Камерун ги победи Комори со 2:1 и се пласира во четвртфиналето на Африканскиот куп на нациите, меѓутоа веста дека осум луѓе загинале и 36 се повредени пред стадионот го расипа убавото чувство и пласманот меѓу осумте најдобри на африканскиот континент.
Поради протоколите за коронавирус, ограничен е пристапот на „Олембе стадионот“ во Јаунде, а голем број на навивачи се обиделе да влезат и да го проследат натпреварот. Се создало стампедо во кое дури осум луѓе им подлегнале на повредите, а 36 побарале лекарска помош во локалните болници.
Организаторот посочи дека четвртфиналето кое Камерун треба да го одигра на истиот стадион е преместено и ќе се одржи на „Ахмаду Ахиџо“ стадионот исто така во Јаунде. Стадионот „Олембе“ е затворен додека трае истрагата.
Денешните натпревари меѓу Сенегал и Зеленортските острови како и Мароко – Малави ќе почнат со минута молчење по трагичниот настан.

ПретходноСерафимов потпиша нов договор со Залаегерсег: „Допрва следува најдоброто од мене“
СледноДолгоски Дејан од Прилеп е новиот милионер кој освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.336.670