Со гол на Зикер во финишот Германија ја победи Русија

100

Репрезентацијата на Германија ја совлада Русија со 30:29 во возбудлив меч од последното коло од групната фаза на Европското ракометно првенство. Денеска во „Одреј Непела арена“ во Братислава двете селекции пружија интересен ракомет во кој првиот дел го добија Германците со 16:12, а вториот дел и припадна на Русите со 17:13. На 27 секунди до крајот беше изедначено, а тогаш Патрик Зикер постигна гол за водство на Германците по една атрактивна акција, па Русите немаа време ни идеја како да се извлечат од пораз.

Најефикасен кај рускиот тим, воедно ина целиот меч беше Косоротов со 8 гола, шест постигна Ермаков. Кај Германците Зикер, Рајхман и Гола го завршија мечот со по пет погодоци.

Со тоа Германија го освои четвртото место во групата со четири бода, Русите паднаа на петтото со три бода. Последна е Полска со еден бод. Шпанија е сигурен патник во четвртфиналето, а вечерва за другиот патник ќе одлучат Норвешка и Шведска во директен дуел.

ПретходноПолиција го чува Влаховиќ откако се дозна дека тој ќе оди во Јувентус
СледноЏанлука ди Лоренци: Вуков има многу поискусни противници!