Ако Шведска вечерва загуби од Норвешка и на крајот го освои третото место во групата, најави дека ќе побара од ЕХФ да не го игра мечот за 5. место.
Во петок се играат двете полуфиналиња и натпреварот за пласман на 5. позиција која треба да обезбеди пласман на следниот Мундијал. Но, со оглед на тоа што Шведска е ко-домаќин и сигурен учесник на Мундијалот, тоа значи дека нивниот ривал и без разлика на резултатот ќе оди на СП 2023.
„Ќе побараме од ЕХФ да не го играме тој натпревар доколку тоа се случи. Се чини дека не е фер да патуваме во нова земја и да влегуваме во нов балон за да се одигра меч без никакво значење. Но, секако прво да одиме на победа над Норвешка и да играме полуфинале“, вели портпаролот на шведската федерација, Даниел Вандор.