Требаше да биде најголемото засилување, клучот во играта на Работнички, но ете, се случи повреда на подготовките во Анталија. „Спортмедиа“ уште во саботата објави дека Арменд Алими е тешко повреден и дека тешко ќе заигра за Работнички претстојната пролет.
Денеска ова стана и официјално, ако се знае дека исусниот играч за врска беше успешно опериран на тетивата на левата нога. Првичните прогнози велат дека тој се враќа на терен дури за шест месеци.