Македонските екипи на големо се подготвуваат за продолжение на сезоната во домашниот шампионат, како и за настап надвор од него.
Дел од ракометарите кои беа на Европското првенство се вратија на своите обврски по краткиот одмор.
Мартин Серафимов со својот тим Алкалоид напорно работат за да во својата дебитанска сезона во Првата лига стигнат до местото кое води во најсилното натпреварување – пласман во Супер-лигата.
Физичката подготовка е најважна, па се користат најразлични модерни методи.