Капитенот на Челзи, Сезар Аспиликуета следното лето ќе се пресели во Барселона. Според информацијата на шпанската ТВ Ел Чирингито, договорот на Шпанецот ќе биде со важност од три години со опција за продолжување на уште една сезона, а трансферот ќе биде комплетиран на лето кога ќе му истече договорот со Челзи.
Претходно беше објавено дека дефанзивецот на шпанската репрезентација ја одбил понудата на лондонскиот тим за продолжување на договорот.
32-годишниот Аспиликуета оваа сезона одигра 27 меча за Челзи во сите натпреварувања.