Барти за само еден час си завери полуфинале на АО

136

Светскиот рекет број еден, Австралијката Ешли Барти, извојува убедлива победа во четвртфиналниот меч на Австралија опен, против Американката Џесика Пегула и се пласираше во полуфиналето. Барти експресно ја доби 21-та на ВТА ранг-листата во два сета: 6:2, 6:0, за само еден час игра.

Барти годинава јуриша на титула на Австралија Опен, откако во своја сопственост веќе има по еден трофеј од Ролан Гарос и Вимблдон. Во битка за финалето таа ќе има уште една тенисерка од САД, Медисон Кејс.

ПретходноСелекторот на Малави: Не ми дадоа ни млеко, третирани сме како луѓе од втор ред
СледноРангник во јуни си заминува: Манчестер Ј. има четири фаворити за нов менаџер