Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, за место во финалето ќе се бори со Рафаел Надал. Тој го совлада Гаел Монфилс со 6-4, 6-4, 3-6, 3-6, 6-2, во меч кој траеше три и пол часа.
Италијанецот првиот и вториот сет ги доби со 6-4, во првиот му беа потребни 37. минути, додека во вториот се водеше битка од 62. минути. Монфилс се издигна во следните два сета, три пати го одзеде сервисот на Италијанецот и израмни на 2-2.
Сепак Беретино беше најдобар кога беше најпотребно, поведе со 4:0 и без проблем го приведе мечот.