Бомба експлодира пред куќата на претседателот на Фудбалската федерација на Албанија!

208

Немил настан вчера пред домот на првиот човек на Фудбалската федерација на Албанија, Арманд Дука. Имено пред неговата куќа во Драч експлодирала бомба, поточно експлозивна направа, која крајно ги вознемирило членовите на неговото семејство. Дука во тие моменти бил во Тирана.

Оваа вест денеска ја потврди и портпаролот на федерацијата, кој посочи дека камерите снимиле едно лице со качулка како поставува експлозивна направа, и сега по тоа лице се трага.

Самиот Дука денеска кажа дека тоа за него е закана со цел да не се кандидира за нов мандат на изборите закажани за 2 март.

Инаку тој во последно време не е во добри односи со властите на Албанија кои го обвинуваат за корупција.

ПретходноЃорѓи Стоилов за уште посилен Шкупи!
СледноДефанзивецот на чаирчани Руватубјае успешно опериран!