Експедицијата на Вардар и денеска не летна за Анталија. Проблем и натаму прави големото невреме, односно големиот снег во Истанбул и околината, па авионските линии се во прекин. Се чека утре да биде подобро и вардарци да заминат на подготовки во Анталија. Истиот проблем го имаат селекторите Благоја Милевски и Драган Канатларовски кои денеска требаше да отпатуваат во Анталија со цел на лице место да ја проверат формата на оние фудбалери кои се кандидати за А и У-21 селекциите на Македонија.
Инаку вестите од Анталија, каде има неколку наши клубови, велат дека во овој град по цели 25 години синоќа и изутрина паднал снег. Сепак снежната покривка е незначителна и таму може да се тренира и играат натпревари.