Грузиецот Куција доаѓа во Работнички!

515

Поранешниот младински репрезентативец на Грузија Георги Куција ќе биде новото засилување на Работнички оваа зима. Според грузиските медиуми, 22-годишниот играч од средниот ред доаѓа во поранешниот македонски шампион од редовите на Динамо Тбилиси, еден од најдобрите тамошни клубови.

Инаку тој е дете на Динамо Тбилиси, од 2017 година влегува во А тимот на Динамо, а една сезона играл и за Дила Гори. На Динамо не му треба оваа сезона па сака да се ослободи од него. Локалните медиуми пишуваа дека тој ќе му се приклучи на Раднички Ниш, но ништо не испаднало од тој трансфер, а сега доаѓа во Работнички како позајмен.

ПретходноСара Хектор трет пат најдобра во велеслалом (видео)
СледноСерафимов потпиша нов договор со Залаегерсег: „Допрва следува најдоброто од мене“