Абдул Руватубјае, стоперот на Шкупи денеска беше успешно опериран. Познато е дека пред неколку дена на подготовките во Анталија, фудбалерот од Руанда ја повреди тетивата на левата нога. Со оглед на успешната операција, се очекува одличниот стопер на Шкупи да се врати за шест месеци.