Ериксен тренира со Ајакс!

190

Кристијан Ериксен, репрезентативецот на Данска кој имаше несреќна епизода на ЕУРО 2020, деновиве тренира со Ајакс, со својот некогашен тим. Тој тренира во Амстердам пред најавениот трансфер во Премиер – лигата и тоа во составот на Брентфорт.

Ова за мене е како враќање дома. Пресреќен сум што тренирам со младиот тим на Ајакс. Ова за мене е добро зошто можам токму тука да се вратам во добра форма во пресрет на евентуалниот трансфер“ изјави Данецот.

Инаку за разлика од Серија А, во Премиер -лигата е дозволено да се игра со специјалното апаратче за срцето кое сега го има Ериксен.

ПретходноОфицијално: Ренова го потпиша Кахримановиќ!
СледноАлими успешно опериран, ќе паузира шест месеци!