Каква драма: Шведска во инфаркт финиш ја победи Норвешка и се пласира во полуфинале!

318

Битката за Скандинавија, битката за полуфиналето на ова ЕП 2022 меѓу Норвешка и Шведска вечерва во Братислава, ја добија Швеѓаните со 23:24.(14:9). Сосема заслужено зошто знаеше како да го одигра финишот кој беше супер – интересен. Кринс од седум метри на 15 секунди до крајот успеа да погоди за победа, иако Норвешка во текот на целиот меч водеше.

Па така Шведска со оваа победа главната фаза во групата ја заврши како втора. Со тоа Шведска и Шпанија ќе играат во полуфиналето.

Инаку мечот започна многу нервозно, со по неколку неуспешни напади, имено првиот гол падна дури во 4.минута, стрелец беше О`Саливен за 1:0 за Норвешка. Во текот на сите 30 минути од овој прв дел Норвешка беше подобра и од минута во минута го зголемуваше водството. Во 24.минута разликата беше +4, а во 29. минута пак +6. Сепак на пауза се замина со резултат 14:9. Северас блескаше на голот, а Рајкинд и Сагосен го полнеа голот на Шведска.

Почетокот на вториот дел исто како и во првиот. Првиот гол падна дури во 4.минута. Шведска тргна некако поодлучно, затоа во 36.минута разликата ја намали на 15:11. Интересно во оваа фаза Шведска имаше два седмерци, но не успеа да реализира. Сепак успеа да намали на 15:12 во 41.минута. Норвежаните никако не успеваа да постигнат гол. Само еден за 11 минути во вториот дел

Шведска тоа го искористи и во 48.минута резултатот беше само 18:17, Швеѓаните дојдоа само на -1.

Сепак Норвешка конечно почна да игра, Сагосен и другарите одново дојдоа на опиплива разлика од +3 во 53.минута кога беше 21:18.

Во последните пет минути од мечот се влезе со 23:20 за Норвешка. Блескаше Јоханесон со прекрасни одбрани, а Готфриндсон со гол на 180 секунди намали на -1. Дојде и израмнувањето на 23:23. Каква драма во Братислава.
На крајот славеше Шведска во вистински драматичен финиш.

ПретходноДефанзивецот на чаирчани Руватубјае успешно опериран!
СледноЏикиќ без одговор за Валенсија, Димитријевиќ го има потегот на мечот (ВИДЕО)