Лазаров за „Индекс“: На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност

286

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во изјава за хрватски „Индекс“ зборуваше за настапот на Македонија на ова ЕП, но и за селекцијата на Хрватска по нивниот последен меч со Исланд.

„На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност. Невозможно е да се процени нечија сила и да се даде вистинска слика за силата на тимот, со оглед на тоа што некој порано или подоцна ќе западне во неволја со коронавирусот“, вели Лазаров.

На прашањето за настапот на Македонија и резултатскиот неуспех, Лазаров додал:

„Се впуштивме и во процес на подмладување на репрезентацијата. На последниот тест пред заминувањето на ЕП дури седум многу важни играчи беа позитивни, а поради повреди останавме без тројца важни играчи (Манасков, Марковски, Лазаров). Така несреќниот ковид не натера, сакале или не, да играме со децата. Имав шест играчи со 20 години во составот и повторно бевме на исто ниво со Словенија и Црна Гора до 59. минута. Не вреди да се плаче. Во денешно време секој различно ја толкува секоја ситуација, начинот на кој реагира и според тоа каде гледа интерес. Најважно е да не ја изгубиме главата во овој хаос. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред“.

Лазаров се обиде да прогнозира и за новиот европски шампион.

„Данците навистина добро продолжуваат. Тие се моќни, одат силно и се минуваат без никакви проблеми. Французите добро се држеа, но мислам дека паднаа. Секоја репрезентација освен Данска имаше многу проблеми во различни периоди и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно“.

ПретходноЛоша вест за Исланѓаните: Јакобсен ќе ги одмори најдобрите на мечот со Франција
СледноСелекторот на Малави: Не ми дадоа ни млеко, третирани сме како луѓе од втор ред