Надал: Нема да бидам исфрустриран ако Новак или Роџер имаат повеќе титули!

117

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, а таму за противник ќе го има подобриот од  Беретини и Монфилс. Шпанскиот тенисер заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20 грен-слем титули, доколу успее да го освои Мелбурн тој ќе дојде до бројката од 21 трофеј.

И покрај овој факт Надал е скромен, изјави дека ќе ужива поеднакво.

„Фактот дека сите сме изедначени, значи дека делиме една неверојатна историја во спортот. Уживам да играм тенис, ова многу пати го имам кажано до сега. Нема да бидам исфрустриран ако Новак или Роџер дојдат до повеќе титулу. Уживаме во ситуацијата, секој од нас е посебен на свој начин“, изјави Надал.

ПретходноКарабатиќ е најсериозната закана за Сигурдсон!
Следно„Баделки“ по прва победа во Супер-лигата