Рафаел Надал е прв патник во полуфиналето на првиот Грен Слем турнир оваа година, Австралија опен. Шестиот тенисер во светот по голема борба и пропуштена предност од 2:0 во сетови, на крајот, сепак, го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3.
Деконцентрираниот Шаповалов го загуби првиот сет, а потоа некако дозволи Рафа да му побегне и во вториот, па беше доцна да спасува негатива од 2:0. Сепак, третиот сет конечно донесе будење на Канаѓанецот, кој пропушти две врзани брејк топки во шестиот гем, но на крајот со 6:4 возврати за 2:1. Во четвртиот сет ја искористи првата брејк можност во четвртиот гем и многу брзо дојде до 4:1. Лесно ја чуваше предноста за израмнување.
Шаповалов имаше можност уште на стартот на петтиот сет да го скрши Надал и да го сврти мечот во своја полза. Но, не ја реализираше шансата за брејк, по што Шпанецот во следниот гејм стигна до 2:0. Пропуштената шанса го чинеше елиминација со освојување на сетот од страна на Надал со 6:3.
Надал во плуфиналето за противник го чека подобриот од второто четвртфинале меѓу Беретини и Монфилс.