Ни Јута не успеа да ги запре Букер и Пол, Феникс израмни рекорд стар 14 години (ВИДЕО)

111

Кошаркарите на Феникс ја победија Јута со 115:109 и ја постигнаа седмата последователна победа во НБА лигата. Девин Букер со 33 поени, седум скока, три асистенции, две украдени топки и две блокади и Крис Пол со 27 поени, 14 асистенции и девет скока ги предводеа „сонцата“ до новата победа.

Во тимот на Јута седум играчи постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Џордан Кларксон со 22. Јута водеше со 95:91 на почетокот на последниот период, но Феникс одговори со серија од 14:2, при што 36-годишниот Пол ги реализираше првите пет шута, вклучително и две „тројки“. „Сонцата“ сега имаат 37 победи и девет порази и го израмнија рекордот на франшизата за најдобар почеток на сезоната.

Кошаркарите на Кливленд го победија Њујорк со 95:93 и ја постигнаа седмата победа во последните осум натпревари. Чикаго беше подобар од Оклахома со 111:110, додека кошаркарите на Њу Орлеанс ја совладаа Индијана со 117:113.

ПретходноАмериканката Кејс е прва полуфиналистка на Австралија опен
СледноНадал по пет сета стигна до полуфиналето на Австралија Опен