Официјално: Ренова го потпиша Кахримановиќ!

413

Амир Кахримановиќ и официјално е ново име во редовите на Ренова. Хрватот веќе неколку денови е со “гипсарите“, но се очекуваше комплетирање на документите. Тоа денеска се „одработи“ па така играчот за врска кој има 22 години и официјално стана “гипсар“. Инаку тој доаѓа од Драва Птуј, а претходно играл за екипите на Волфсбергер, Дубрава, Сесвете. На денешниот пријателски меч со Воска Спорт кој заврши 2:2, еден од стрелците за Ренова беше Кахримановиќ.

Ренова со Кахримановиќ потпиша договор на 18 месеци, значи до јуни 2023 година.

ПретходноЏанлука ди Лоренци: Вуков има многу поискусни противници!
СледноЕриксен тренира со Ајакс!