Полиција го чува Влаховиќ откако се дозна дека тој ќе оди во Јувентус

488

Фиорентина и Јувентус се едни од најлутите ривали во Италија, а секој трансфер на фудбалер од еден до друг клуб предизвикува револт кај навивачите. Напаѓачот Душан Влаховиќ воодушеви сезонава со своите настапи и со ефикасноста и стана миленик на навивачите на Фиорентина, но по набрзо тој се претвори во непријател број 1 откако испливаа информации дека тој ќе го засили Јувентус оваа зима.

Првично се зборуваше дека Влаховиќ ќе оди во Арсенал, меѓутоа тој ќе остане на „чизмата“ и тоа во дресот на Јувентус кој се согласил да плати 70 милиони евра плус бонуси. По оваа информација навивачите на Фиорентина збеснаа поради што е најмена полиција да го чува Влаховиќ и да патролира околу неговата куќа во Фиренца.

Според информациите на „Скај Италија“ и „Газета“ Влаховиќ ќе потпише петгодишен договор за плата од 7 милиони евра на годишно ниво.

Влаховиќ претходно ја одби понудата на Фиорентина од годишна плата од четири милиони евра за продолжување на договорот.

Од друга страна Фиорентина веќе нашла замена. Го пикирала Артур Кабрал од Базел за кого ќе плати 14 милиони евра.

ПретходноГерманецот од Аталанта го засилува Интер за 22 милиони евра!
СледноСо гол на Зикер во финишот Германија ја победи Русија