Серафимов потпиша нов договор со Залаегерсег: „Допрва следува најдоброто од мене“

500

Македонскиот интернационалец Никола Серафимов е награден со нов договор од Залаегерсег по одличните игри за клубот во унгарскиот шампионат. Младиот македонски фудбалер ставил потпис на соработка со 2025 година.

Секако дека сум задоволен од новата соработка. Супер се чувствувам, му благодарам на ЗТЕ за довербата, ова е награда за се што досега постигнав. Покажав дека можам да играм на ова ниво но далеку од тоа дека сум го постигнал максимумот. Допрва следува најдоброто од мене“, изјави Серафимов за „Спортмедиа“.

Серафимов е поранешен фудбалер на Вардар, Брегалница, Академија Пандев. Во Залаегерсег е од 2021 година.

ПретходноГрузиецот Куција доаѓа во Работнички!
СледноПобедата на Камерун ја засени трагедија: 8 мртви и 36 повредени во стампедо на стадионот