Фановите на КК Работнички, навивачката група на овој клуб „Сити Парк Бојс“ се огласи со соопштение по повод најновите случувања во клубот од Градски парк.
Незадоволни од случувањата во Работнички, фановите сметаат дека за се е виновно раководството на клубот.
Соопштението ви го пренесуваме во целост…
„За работите да станат појасни
Нашиот Работнички , клубот за кој живееме во саботата беше понижен и фрлен на колена и полека но сигурно се движи кон втората лига.Работнички два натпревари по ред губи од противници кои не се достојни ни да се споменуваат. Одговорноста за овој срам е кај стручниот штаб кој се уште верува во празните предизборни ветувања на општинските функционери.Истите тие функционери кои пред избори ветуваа враќање на стариот сјај на клубот и нова сала.”Стручњаците” и функционерите успеаја клубот да го сведат на само неколку младинци,од како странците си заминаа (затоа што професионалци не функционираат на празни ветувања).Пред крајот на минатата година прочитавме соопштение од стручњаците и функционерите дека се е во ред и дека проблемите се од административен карактер.Но на терен е реалноста а таа е многу сурова.Таму нема “ќе”,таму нема лажење.Епа господа неспособни “магистри” , искомплексирани полтрони, лажни легенди, и цел останат некадарен џган нема така лесно да можете да ги лечите вашите фрустрации врз нашиот Работнички.
Револтот секој ден се повеќе расте и само прашање на време е кога вие безрбетници ќе се најдете на листата за “одстрел” кај сите оние кои искрено и безусловно го сакаат Работнички!!!
Без ни малку почит
ГРУПА ГНЕВНИ ГРАЃАНИ