Тој на Африканскиот куп, а другарот му ги полага испитите на факултет!

284

Мостафа Мохамед е напаѓач на Галатасарај и репрезентативец на Египет кој  учествува на Африканскиот куп на нациите. „Фараоните“ се во следната фаза и во среда ќе играат осминафинале со Брегот на Слонова Коска, а во ростерот е и Мостафа.

Во исто време е сесија во Египет, а еден негов пријател се појавил на универзитетот во Каиро се претставил со неговото име и седнал да полага испит. Но бил забележан дека мами и го уапсиле.

Младиот измамник признал дека сакал да му помогне на пријателот. Идентитетот негов не е соопштен, но истиот признал дека ова не е негов прв обид, веќе положил три испити за египетскиот репрезентативец.

Нормално освен казна за него, и Мостафа Мохамед го чека казна за измама.

 

ПретходноШпанија се испоти, но го обезбеди шестото полуфинале по ред!
СледноСара Хектор трет пат најдобра во велеслалом (видео)