Хакими му донесе четвртфинале на Мароко!

156

Селекцијата на Мароко со 2:1 (1:1) успеа да го победи Малави и да се пласира во 1/4 финалето во Купот на африканските нации. Сепак не му беше лесно на големиот фаворит во ова осминафинале. Посебно ако се знае дека селекцијата на Малави поведе со прекрасниот гол на Манго уште во 7.минута. На пауза се замина со резултат 1:1, и тоа благодарение на голот на Ен Несири во 45.+2. минута.

Во вториот дел Мароканците беа подобри, имаа повеќе шанси и со голот на Ашраф Хакими, ѕвездата на ПСЖ успеа да победи и да се пласира во следната фаза.

ПретходноЏикиќ без одговор за Валенсија, Димитријевиќ го има потегот на мечот (ВИДЕО)
Следно“Сити Парк Бојс“ со порака до управата: Полтрони, лажни легенди, некадарен џган…