Хоџсон ќе ја прекине пензијата за да седне на клупата на Ватфорд

238

Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон е подготвен да ги прекине пензионерските денови и да ја преземе функцијата менаџер на Ватфорд. Според „Атлетик“, клубот веќе разговара со 74-годишниот стратег.

Ватфорд го отпушти Клаудио Раниери вчера, а на местото на 70-годишниот Италијанец кој го презеде Ватфорд на 4 октомври минатата година, сега се подготвува да дојде уште повозрасен менаџер.

Последната работа на Хоџсон беше во Кристал Палас, од каде замина на крајот од минатата сезона.

ПретходноМарсијал оди во Шпанија, одлучил да игра за Севиља
СледноАмериканката Кејс е прва полуфиналистка на Австралија опен