Хрватската легенда: Не би рекол дека Европското првенство е нерегуларно

577

Ивано Балиќ, хрватската ракометна легенда е во стручниот штаб на националниот тим на оваа земја. „Коцкестите“ како голем дел од учесниците на Европското првенство се соочи со бројни проблеми од позитивни на коронавирус до повреди.

Балиќ има спротивно мислење од јавноста, според него ова континентално натпреварување е регуларно.

„Не би се согласил дека ЕУРО е нерегуларено првенство. Така е како што е. Нас не фати вирус, но што можеш да направиш? Тоа е така, треба да се прилагодиш колку што можеш. Ние први настрадавме, потоа истото се случи кај остнатите репрезентации. Треба да се снајдеш во секоја ситуација“, рече Балиќ.

Што се однесува до фаворитите за тронот ја истакна Данска, репрезентација која имаше најмалку проблеми со Ковид-19, па Николај Јакобсен во ротација ги имаше речиси сите ракометари.

ПретходноБеретини си закажа полуфинале со Надал
СледноПријателска во Анталија:Тиквеш поведе со Партизан, но на крај загуби со 1:2!