Големо, екстра засилување во средниот ред на Шкупи. Како што дознаваме чаирчани го договориле Ѓорѓи Стоилов, игралот за врска кој има и настапи за нашата најдобра репрезентација. Стоилов себе си се промовираше во еден од нандобрите фудбалери во ПМФЛ во дресот на Академија Пандев а последен клуб му беше Зира.
Стоилов до петок треба да и се приклучи на експедицијата на Шкупи која се наоѓа во Анталија на подготовки.
Тренерот Гоце Седлоски може да биде задоволен, добива екстра засилување за уште посилен Шкупи.