Џикиќ без одговор за Валенсија, Димитријевиќ го има потегот на мечот (ВИДЕО)

171

Валенсија за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ убедливо го доби дуелот со Будуќност во рамките на 11. коло во ФИБА Еврокупот. Шпанскиот тим му сервисираше убедлив реванш на поранешниот македонски селекторт, Александар Џикиќ и неговите момци, ги совлада со 103-76 за осма победа.

Димитријевиќ беше главниот разигрувач во редовите на Валенсија, го има и потегот на мечот. За нецели 17. минути во игра постигна четири поени (2/4 за два), додаде уште шест асистенции, еден скок и една украдена топка, но и четири загубени.

Тој една асистенција беше број еден на овој натпревар.

ПретходноКаква драма: Шведска во инфаркт финиш ја победи Норвешка и се пласира во полуфинале!
СледноХакими му донесе четвртфинале на Мароко!