Екипата на Бадел 1862 ја игра историската сезона во Супер-лига во јадранското натпреварување. Македонскиот вицепрвак овој дел го стартуваше со два порази во низа, се наоѓа на долниот дел од табелата, а шанса за прва радост ќе има денеска (19:30 часот). На домашен терен „баделки“ го пречекуваат Триглав.
„По две гостувања,го играме првиот натпревар на домашен терен во рамките на четвртото коло од Супер лигата против екипата на Триглав. Овој натпревар доаѓа во многу неповолно време за нас, поради болест на повеќе кошаркарки,кои не настапуваа на последните натпревари, а во меѓу време останатите девојки се трошеа повеќе од неопходното,поради отсуството на ротации,и се чуствува замор кај истите.
А екипата на Триглав одигра извонреден натпревар против Орлови,и во одлична форма ни доаѓаат во Скопје. Но секако ние сме екипа која секогаш се стреми кон победа, и сум сигурен дека девојките кои ќе бидат на располагање ќе дадат се од себе да дојдеме до првата победа во Супер лигата“, изјави тренерот Перо Стамески.