Германецот од Аталанта го засилува Интер за 22 милиони евра!

270

Робин Госенс нема да оди во Њукасл, туку ќе остане во Серија А во друг клуб. Аталанта ќе го прати германскиот репрезентативец на позајмица во Интер со тоа што „нероаѕурите“ по завршувањето на сезоната ќе имаат обврска да го купат за 22 милиони евра плус бонуси (може да достигне до 25 милиони евра).

Неофицијално неговиот договор ќе биде 2,5 милиони евра на годишно ниво плус бонуси. Со тоа Госенс треба да го замени Иван Перишиќ кој сигурно ќе го напушти „Меаца“ по завршувањето на сезоната.

Што се однесува до Интер, нивниот играч Стефано Сенси ќе ја продолжи кариерата во Сампдорија како позајмен играч.

ПретходноМане го однесе Сенегал во 1/4 финале, но го напушти теренот со повреда (видео)
СледноПолиција го чува Влаховиќ откако се дозна дека тој ќе оди во Јувентус