Лоша вест за Исланѓаните: Јакобсен ќе ги одмори најдобрите на мечот со Франција

376

Вчера Данска и практично стана прв полуфиналист на ЕП откако убедливо ја совлада селекицјата на Холандија, па сега последниот меч со Франција кој е реприза на олимпиското финале за скандинавците и нема да биде од витално значење.

Сепак, нивниот дуел со „триколорите“ ќе биде од клучно значење за Исланѓаните, кои освен што ќе мора да ја победат Црна Гора ќе стиспаат палци за победа на Данска во големото дерби со Французите за да можат да минат како втор полуфиналист од групата. Сепак, селекторот на Данска вели дека тие нема да играат со 100% од силите на дуелот со Франција, што и не е добра вест за „рибарите“.

„Секако дека ќе излеземе да одиграме добар ракометен натпревар во среда. Но, нашиот најголем фокус е да останеме со свежи играчи за во петок. Тоа е најважната битка за нас сега. Дефинитивно ќе поштедам некои играчи во среда. Прво да видиме кои играчи треба да се одморат, а кому не му треба одмор, па ќе одлучам со кого ќе го почнам мечот“, изјавил данскиот селектор Јакобсен.

ПретходноНадал по пет сета стигна до полуфиналето на Австралија Опен
СледноЛазаров за „Индекс“: На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност