ПОСЛЕДЕН ДЕН ВО БРАТИСЛАВА: Сите математики за полуфинале!

555

Денеска во Братислава се игра последното коло од главната фаза во групата 2 на Европското првенство. Во игра за место во полуфиналето се три репрезентации, Норвешка, Шведска и Франција, сите имаат по шест бода.

Полска игра против Шпанија (15:30 часот), Германија со Русија (18 часот), а дербито меѓу Шведска и Норвешка е последно на програмата, во 20:.30 часот.

Едноставната математика вели:
  • Норвешка ќе оди во полуфинале ако Шпанија изгуби од Полска или пак со пораз на Шпанија, но со победа над Шведска.
  • Шпанија во полуфинале исто оди со победа над Полска, но и со пораз од истата селекција доколку Норвешка ја совлада Шведска.
  • Шведска во полуфинале ќе се најде со победа над Норвешка или со пораз, но доколку Шпанија загуби од Полска.

На табелата најдобра позитива има Норвешка (+19), Норвешка има 16, додека Шпанија плус седум. Русија е четврта со три бода, Германија има два, Полска еден.

ПретходноВардарци и денеска не полетаа за Анталија, исто како и селекторите Милевски и Канатларовски!
СледноКарабатиќ е најсериозната закана за Сигурдсон!