Пријателска во Анталија:Тиквеш поведе со Партизан, но на крај загуби со 1:2!

1278

Во првиот меч во Анталија, Тиквеш попладнево одигра со Партизан и загуби со 1:2 (1:2). Солидна игра на кавадарчани кои во текот на целиот меч иако се бранеа, сепак се обидуваа од ретките контранапади да го загрозат голот на поквалитетниот ривал.

Момците на Влатко Костов поведоа со 1:0 и тоа во 26.минута од пенал. Иван Ивановски беше прецизен и му донесе водство на својот тим. Сепак три минути подоцна, српскиот гигант преку Јојиќ успеа да дојде до 1:1. Во 36.минута Рикардо ја затресе мрежата на Давков за 1:2.

Во вториот дел Партизан ја имаше иницијативата, имаше и повеќе шанси за гол, но голманите на Тиквеш, Давков и Димовски беа одлични. Црномурестиот Нгоба се обидуваше да стори нешто повеќе пред голот на Партизан, но без успех.

На крајот резултатот гласеше 1:2, како што и беше по првото полувреме.

ПретходноХрватската легенда: Не би рекол дека Европското првенство е нерегуларно
СледноВоска и Ренова со 2:2 на контролата во Охрид, за домашните стрелаше и Ален Јашароски!