Селекторот на Малави: Не ми дадоа ни млеко, третирани сме како луѓе од втор ред

677

Селекторот на фудбалската репрезентација на Малави, Марио Мариника, кој вечерва со своите момци игра во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, ја критикуваше организацијата на турнирот и двојниот аршин кој домаќините го имаат кон некои селекции. Романскиот стратег се пожали на условите и ги обвини организаторите за дискриминација на некои селекции.

„Не можев да земам млеко за појадок, ми рекоа дека е готово и да дојдам утре. Ние сме третирани како луѓе од втор ред. Ова е неприфатливо во денешниот свет. Сигурно не би го виделе Садио Мане како си ги мие гаќите и ги суши на грмушка. Тимовите се третираат поинаку, а тоа се случува само со малите репрезентации. Немаме доволно храна, постојано се жалиме на тоа. Но, ние останавме обединети, работевме напорно и на крајот ќе покажеме дека не можат да не омаловажат“, изјави Мариника.

Репрезентацијата на Малави вечерва ќе се сретне со селекцијата на Мароко во битка за историско четврфинале.

ПретходноЛазаров за „Индекс“: На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност
СледноБарти за само еден час си завери полуфинале на АО