Ѓорѓи Стоилов за уште посилен Шкупи!

2230

Големо, екстра засилување во средниот ред на Шкупи. Како што дознаваме чаирчани го договориле Ѓорѓи Стоилов, игралот за врска кој има и настапи за нашата најдобра репрезентација. Стоилов себе си се промовираше во еден од нандобрите фудбалери во ПМФЛ во дресот на Академија Пандев а последен клуб му беше Зира.

Стоилов до петок треба да и се приклучи на експедицијата на Шкупи која се наоѓа во Анталија на подготовки.

Тренерот Гоце Седлоски може да биде задоволен, добива екстра засилување за уште посилен Шкупи.

ПретходноНов историски ден: Бадел 1862 со прва победа во јадранската Супер-лига
СледноБомба експлодира пред куќата на претседателот на Фудбалската федерација на Албанија!