Веќе е јасно дека Фиорентина ќе остане без најдобриот напаѓач Душан Влаховиќ, па веќе се кројат планови за негова замена. Влаховиќ ќе оди во Јувентус за сума од 70 милиони евра плус бонуси со кои сумата може да достигне до 75 милиони. Додека српскиот напаѓач се подготвува за преселба во Торино, Фиорентина веќе ја најде неговата замена и тоа во Базел.
Влаховиќ во нападот на „виолетовите“ ќе го замени бразилскиот офанзивец Артур Кабрал. Италијанскиот клуб за него ќе плати 14 милиони евра плус уште 2 милиони евра во бонуси.
Се работи за 23-годишен фудбалер кој в кариерата играл за бразилските Сеара и Палмеирас, а од 2019 година е во Базел. Се уште нема ниту еден настап за А селекцијата на Бразил.
Кабрал е импресивен во швајцарскиот шампионат. Моментално е лидер на листата на стрелци со 14 гола од кои два се од пенал.
Минатата сезона заврши како втор најдобар стрелец во Швајцарија со 18 гола само еден помалку од Нсаме од Јанг Бојс.
ACF Fiorentina chega a acordo com o Basileia e assegura a contratação de Arthur Cabral por 14 milhões de euros + 2 milhões em variáveis, segundo o jornalista @FabrizioRomano.
O avançado de 23 anos reforça a “Viola” para colmatar a saída iminente de Dusan Vlahovic para a Juventus. pic.twitter.com/tahsav4yqe— Diário de Transferências (@DTransferencias) January 26, 2022