Ѓоко Зајков, нашиот репрезентативен стопер не е веќе член на Левски Софија. Ова официјално го објави бугарскиот гигант кој наведе дека договорот е раскинат на обострано задоволство. Инаку Зајков во Левски дојде минатото лето, но пред еден месец е шпекулираше дека ќе мора да си замине зошто тоа од него го бараат челниците на клубот. Зајков тоа го демантираше, но ете денеска и се официјализира.