Ракометарите на Тинекс Пролет забележа победа од 30:23 над Тиквеш, во првиот и единствен подготвителен натпревар што избраниците на тренерот Лембанов ќе го одиграат во овој подготвителен период во пресрет на вториот дел од сезоната.
Тинекс Пролет на овој меч настапи без Пецаковски и без Пејовиќ, а во таборот на Тиквеш недостигаше пивотот Стефановиќ. Следен предизвик за екипата на Тинекс Пролет ќе биде првиот меч од вториот дел од сезоната, на домашен терен против Струга што на програмата ќе биде наредната среда.