Реми за Струга Трим Лум на втората пријателска средба од подготовките во Драч. Стружани денеска попладнево против Ботев Враца, довчерашниот тим на Доријан Бабунски, одигра 1:1. Нашиот тим поведе во 32.минута со голот на Кадриу, а бугарскиот тим израмни во последните минути од мечот за конечни 1:1.
Според извепштаите од Драч, Струга ТЛ била многу подобра во првото полувреме, одиграла квалитетно и пропуштила неколку шанси да постигне уште некој гол.