Откако денеска и официјално заврши со Левски, македонскиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков се сели во Украина. Украинскиот прволигаш Ворскла на својата официјална веб-страница го објави потпишувањето на договор со дефанзивецот на нашата селекција.
Договорот со 26-годишниот фудбалер е на две и пол години.
Претходно Зајков настапуваше за Работнички, Рен и Шарлроа, а последен клуб му беше Левски.
#Новачок є ✍️
Вітаємо в нашій 💚🤍 родині @GjokoZajkov 🇲🇰
Разом до нових висот! 🤝💯#ФКВП #FCVP pic.twitter.com/95ncrMyCA5
— ФК Ворскла (@vorsklacomua) January 26, 2022