Брентфорд ќе го урне трансферниот рекорд за велшки репрезентативец

164

Англиски Брентфорд е спремен да го урне трансферниот рекорд за репрезентативецот на Велс Бренан Џонсон. Напаѓачот на Нотингем Форест е еден од најдобрите играчи во Чемпионшип дивизијата оваа сезона, а 20-годишниот талент има 7 гола и 5 асистенции.

Според „Атлетик“ Нотингем веќе одбил една понудат на Брентфорд од 15 милиони фунти, а се очекува клубот од западен Лондон да испрати подобрена понуда меѓу 18 и 20 милиони фунти колку што бара Брентфорд и да го добие фудбалерот.

Инаку најскапиот трансфер на Брентфорд во историјата е трансферот на Кристофер Ажер од Селтик за 13,5 милиони фунти минатото лето.

Џонсон е роден во Нотингем, од дете е во овој клуб, играл за У16 и У17 селекциите на Англија, а потоа за У19 и У21 селекциите на Велс. Во 2020 година дебитираше за сениорската репрезентација на Велси и досега има седум натпревари.

Инаку тој имал можност да ја претставува Англија, Јамајка и Велс, но одбрал да игра за велшкиот национален тим. Инаку тој е син на поранешниот напаѓач на Нотингем Форест и Ипсвич, како и репрезентативец на Јамајка Дејвид Џонсон.

 

ПретходноТиквеш добива квалитетен стопер: Стефан Костов се враќа на терените!
СледноМарсијал потпиша за Севиља поради Лопетеги и Мончи