Готово е: Дашмир Елези утре потпишува за Газијантеп, Шкендија добива 450.000 евра!

1520

Готово е, има договор меѓу Дашмир Елези, Шкендија и Газијантеп. Мега – талентот на тетовци и мак – фудбалот, така барем дознава „Спортмедиа“, утре потпишува за Газијантеп, а Шкендија како отштета ќе добие 450.000 евра. Тоа е таа сума која е договорена. Турците нудеа 400.000 евра а Шкендија бараше 800.000. Сепак до договор е дојдено откако Газијантеп се сложил од идниот трансфер на Елези нашиот шампион да добие најмалку 30%, што секако дека е добра опција за тетовци.

Сепак Дашмир нема веднаш да игра за Газијантеп, имено Турците ќе чекаат шест месеци додека тој наполни 18 години, па затоа во пролетниот дел од сезоната ќе оди некаде на позајмица.

Значи Газијантеп го спои тандемот Лука Станковски – Дашмир Елези, мега – талентите на мак – фудбалот. Да потсетиме дека Станковски на почетокот на овој месец и официјално од Работнички се пресели во Газијантеп за 650.000 евра.

ПретходноДимитар Мечкаровски ќе биде новиот претседател на Судиската организација!
СледноОвој играч ќе го замени Влаховиќ во нападот на Фиорентина