Диего Коста изненади со изборот на новиот клуб

673

Диего Коста својата кариера ќе ја продолжи во Салернитана, објавија италијанските медиуми. Тој во составот на италијанскиот прволигаш доаѓа како слободен играч.

33-годишниот Бразилец пред 20 дена го напушти Атлетико Минеиро, во кој се задржа само половина година. Пред овој тим настапуваше за Атлетико Мадрид.

За бразилскиот клуб одигра 19 натпревари и постигна четири гола. Претходно играше за Челзи, Селта, Рајо, Ваљадолид, Брага…

Салернитана се наоѓа на последното место на табелата во Серија А на осум бодови зад сигурното место. Новите газди во Коста гледаат вистинско засилување за опстанок во италијанскиот шампионат, тој ќе потпише договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на истиот доколку тимот остане во „елитатата“.

 

ПретходноНова монструозна партија на Јокиќ за историја, чудо на Клиперси во Вашингтон (ВИДЕО)
СледноЦиципас се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен