Димитар Мечкаровски ќе биде новиот претседател на Судиската организација!

1193

Како што дознава „Спортмедиа“, ќе има промени во Судиската организација, која е задолжена за судењето во мак – фубалот. Па, како што велат нашите информации, прв човек, односно претседател на Судиската орагнизација, ќе биде Димитар Мечкаровски кој ќе дојде на местото на Емил Божиновски. Божиновски долго време беше на чело на судиите, но сега е време за Мечкаровски, некогашен судија кој до пред една година ја делеше правдата на терените во Македонија, но и судија кој судеше и во европските натпреварување. Во негово време важеше за еден од нашите најдобри делители на правдата.

Божиновски ќе остане во Судиската организација како член и одговорен за едукација на судиите.

ПретходноКречмар ги одбра најдобри ракометари на сите времиња – меѓу нив е легенда на Вардар
СледноГотово е: Дашмир Елези утре потпишува за Газијантеп, Шкендија добива 450.000 евра!