Екс-италијанскиот премиер за Влаховиќ: Многу сум нервозен, Фиорентина ја направивме донатор на Јувентус!

505

Поранешниот градоначалник на Фиренца и поранешeн премиер на Италија, Матео Ренци, го коментираше најавениот трансфер на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ во Јувентус.

Тој ја нарече Фиорентина – донатор на Јувентус.

„Не се шегувај со Влаховиќ, можам да ги изгубам нервите. Ајде да зборуваме за политика или нешто друго, само не ме напнувај, денес е ден на жалост за мене“, му се обратил Ренци на новинарот на италијанската телевизија Ла7.

„Имав 15 години кога го продадоа Роберто Баџо. Доста е момци. Зошто Фиорентина му ги дава своите најдобри играчи на Јувентус? Бернардески, Киеза… Нека одат тогаш иво други клубови“, изјавил поранешниот италијански премиер.

ПретходноПролет подобар од Тиквеш во единствената контрола пред вториот дел од сезоната
СледноНејмар се врати на тренинзи, ќе се опорави за мечот од ЛШ со Реал?