Бразилскиот напаѓач Нејмар, кој два месеци лекува повреда на левиот скочен зглоб, денеска се врати со први тренинзи, соопшти Пари Сен Жермен.
„Нејмар Јуниор се врати во трчање и ја започна фазата на враќање на теренот“, се вели во медицинскиот извештај објавен од ПСЖ.
Фудбалерот заработи повреда на првенствениот натпревар против Сент Етјен на 24 ноември, а неколку дена подоцна лекарите на клубот му посочија дека тој ќе биде надвор од терените шест до осум недели.
ПСЖ на 15 февруари ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и целта на бразилскиот интернационалец е да биде подготвен за тој натпревар.