Официјално: Мечкаровски е новиот шеф на судиите… Собрание на ФФМ ќе се одржи на 12 март!

408

Она што го најави „Спортмедиа“ во текот на денот, попладнево и се оствари. Димитар Мечкаровски и официјално нов претседател на Судиската организација на ФФМ.

Инаку денеска се одржа седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македониа, а беа донесени следните одлуки..

-У.О. на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се оддржи на 12. март 2022 година во Скопје.

 

– У.О. на ФФМ донесе одлука средствата од солидарната шема за развој на младински фудбал од сезона 2020/2021 во УЕФА Лига Шампиони да бидат распоредени подеднакво на клубовите учесници во Прва МФЛ во сезоната 2020/2021.

– У.О. на ФФМ го усвои предлогот на Одборот на клубови од Прва МФЛ за зголемување на бројот на резервни фудбалери на записник од натпревар од 7 на 11 фудбалери.

– У.О на ФФМ констатираше дека досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски се повлекува од функцијата, по што го усвои предлогот доставен од Судиски одбор на ФФМ и го назначи Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ.Досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски останува член на Судискиот одбор.

ПретходноЕксклузивно: Јошко Миленкоски е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора!
СледноТетекс во пријателски меч го победи Скопје!