Премиерлигата ги смени правилата: Одложување на натпревар само со 4 позитивни Ковид-19 теста

207

Клубовите од Премиерлигата мора да имаат најмалку четири позитивни случаи на коронавирус во нивниот тим за да бараат одложување на натпревар. Ова е дел од новите упатства кои ги усвои Премиер лигата за натамошен односн кон клубовите кои поради Ковид-19 бараа одложување на дуелите.

Досегашното правило доколку некој клуб не може да изведе 13 играчи на теренот и голман, па натпреварот беше одложуван, сега веќе не важи.

Причина за промените беше растечко верување дека тимовите погодени од отсуства на клучни играчи ја користат флексибилноста во правилата за да ги откажат натпреварите.

ПретходноКаков меч: Франција по голем пресврт ја совлада Данска за место во полуфинале
СледноЃоко Зајков е нов фудбалер на украинска Ворскла